За шест проценти се намалил бројот на младите луѓе во Македонија меѓу два пописа од 2002 до 2021. Проценките се дека над 77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. Тоа е речиси колку што има население во Битола (74.550) – вториот по големина град во земјата. Ова се наведува и во најновите анализи „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Македонија”, организирана од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД).
Во анализите се посочува дека земјата има сериозен проблем со младинската емиграција, задржување на младото население во државата и општото стареење на населението. Според пописот во 2002, процентот на млади од вкупниот број на население е 24 проценти, додека во 2021 е 18% – што е пад од 6 проценти. Во 2002 државата имала 480.848 млади, додека во 2021 има 326.733. Најголем тренд на иселување на младите има во општините Аеродром, Маврово и Ростуше, додека пораст од 2 проценти има само во Липково.
Населението во земјава старее! Ако во 2002, ¼ од населението беа млади, сега таа бројка е намалена за 18%, помалку од 1/5 од населението. Ако во 2002 имавме 24% млади од вкупниот број на населението, во 2022 оваа бројка е намалена за 18%.
Македонија и натаму има сериозен проблем со миграцијата на младите и задржувањето нивно во земјава. Првото нешто што треба да го направи државата за спречување на овој феномен е изработка на долгорочна стратегија.
Потребно е општините и Агенцијата за млади и спорт да издвојат повеќе средства за младите, треба да се смени легислативата со цел да се зголеми нивото на финансии за младите на локално ниво, вели Петрина Шапкова.
Со куфери на аеродромите и меѓуградските автобуски станици, младите на пат кон подобар живот. Образованието, инфраструктурата, невработеноста се дел од причините за големото иселување на младите од земјава. Сите општини ги „губат“ младите сили, само Липково има пораст на населението од 2 отсто, вели Петар Барлакоски.
Над 77.000 млади од Македонија заминале во странство во последните 20 години – државата со 200.000 жители помалку
Date: