Над 700.000 украински деца биле однесени во Русија

Date:

Русија однела околу 700.000 деца од конфликтните зони во Украина на руска територија, објави доцна во неделата Григориј Карасин, шеф на меѓународната комисија во Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент.

„Во последниве години, 700.000 деца најдоа засолниште кај нас, бегајќи од бомбардирањето и гранатирањето од конфликтните зони во Украина“, напиша Карасин на својот канал за пораки Телеграм, цитиран од Ројтерс.

Москва тврди дека нејзината програма за носење деца од Украина на руска територија е да ги заштити сирачињата и децата оставени во зоната на конфликтот. Но, Украина вели дека многу деца биле незаконски депортирани, а САД велат дека илјадници деца биле насилно отстранети од нивните домови.

Најголем дел од движењето на луѓе и деца се случи во првите неколку месеци од војната, пред првата голема офанзива на украинската војска во август минатата година.  Во јули 2022 година, Соединетите држави процениле дека Русија „насилно депортирала“ 260.000 деца, додека украинското Министерство за интеграција на окупираните територии вели дека 19.492 украински деца во моментов се сметаат за нелегално депортирани.

Во март, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот детски правобранител Марија Лаврова-Белова поради сомневање за воени злосторства поврзани со депортација на деца од окупираните украински територии.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доминантна победа на Алкалоид во Италија за чекор кон четвртфинале во Европскиот куп

Ракометарите на Алкалоид со една нога веќе се во...

И Атлетико киксираше, Барселона има можност да го преземе врвот во Примера

По Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не успеа да...

Кирјос се огласи за спогодбата меѓу Синер и Светската анти-допинг агенција

Ник Кирјос беше најголем критичар на Јаник Синер во...

Рaванија

Состојки5 јајца10 лажици шеќер1 ванила5 лажици врела вода10 лажици...