Министерството за здравство денеска информира дека досега над 61.000 граѓани се пријавиле за вакцинација против сезонски грип, од кои над 19.000 веќе ја примиле дозата.
Од таму најавуваат дека во следниот период мобилни тимови ќе започнат со вакцинација во домовите за стари лица.
Вакцинацијата е клучна за превенција од грип и спречување на сериозни компликации, особено за ризичните категории граѓани.
Пријавувањето се врши преку платформата vakcinacija.mk, а граѓаните добиваат информации за терминот преку смс порака.
Бесплатна вакцинација се нуди за повозрасни лица, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, и деца до 5 годишна возраст.