Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Date:

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и хотели, повеќе во споредба со претходните години. Угостителите и хотелиерите ги тријат рацете од профитите. За само девет месеци во 2024 година инкасирале приход од 270,2 милиони евра што е зголемување за 23,7 милиони евра во споредба со истиот период од 2023.

Ова го покажауваат последните податоци на Државната Статистика, според кои најголем дел од добивките се забележани во третиот квартал во 2024 година во угостителско-хотелскиот сектор каде е направен приход од 115 милиони евра, што е 42,6 насто во однос на вкупниот приход од сите 9 месеци.

Иако растот делумно се должи и на инфлацијата која во угостителскиот сектор изнесувала 5,5%, сепак значителениот дел од потрошувачката е резултат на зголемената активност во кафеаните и кафулињата.

Според претседателот на угостителската комора ваквата состојба најмногу се должи на посетата на туристите во Македонија, кои во најголем број се дојдени од Турција.

Дека Македонија може да биде феноменална дестинација за туристите покажува бројката на посета на туристи и од други земји. Само минатата година во периодот од јануари до септември, вкупниот број на туристи изнесувал над еден милион, што е за околу 78.000 повеќе од 2023 година, а ноќевањата достигнале бројка од над 2 милиона и 800 илјади. Познавачите велат дека е потребно повеќе вложувања во оваа гранка.

Според Заводот за статистика најголем дел од потрошените средства, односно 146,1 милион евра, се потрошени на храна и напивки, што е пораст во однос на претходната година. Потоа следат потрошените пари за пијалоци, кои достигнуваат 56,8 милиони евра, а ноќевањата на туристите ги чинеле 51,2 милиони евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пржено свинско со ориз и зеленчук

Овој рецепт содржи моркови, кои се богати со витамини...

Трамп му понуди на Мерц да купи двојно повеќе ракетни системи „патриот“

Американскиот претседател Доналд Трамп му понудил на германскиот канцелар...

Православната Црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква

Одлука дека ја признава каноничноста на Македонската Православна Црква...

Алармантни податоци: 53% од девојчињата и 19% од момчињата на возраст на 15 години имаат депресивно расположение

Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА алармира...