М-НАВ е златната кокошка во конкуренција на сите државни акционерски друштва. Иако нема официјални споредбени податоци нејзините тројца директори се најплатените државни менаџери во конкуренција на педесетина државни и јавни претпријатија. Независната ревизија потврди! Директорска просечна месечна бруто плата во М-НАВ во 2022 година била 6.100 евра месечно. А во однос на 2021 година е зголемена за 50%!
М-НАВ е најпосакуваната државна компанија на ранг листата за вработување во однос на сите државни акционерски друштва и јавни претпријатија, а тоа го покажуваат официјалните податоци за независната финансиска ревизија што друштвото ја ангажирало за работењето во 2022 година.
Официјалните податоци на независната ревизија потврдија дека во 2022 година секој од тројцата директори (членови на Управен одбор) имал просечна месечна плата од 6.100 евра. При тоа за трошоци за тројцата директори М-НАВ исплатил 220.000 евра во 2022 година. Во 2022 година просечна годишна бруто плата на директор во М-НАВ е 73.000 евра.
За жал последниве денови токму таа компанија е во фокус на јавноста по инцидентот во кој учествувале вработени во М НАВ меѓу кои и висок функционер на ДУИ и поранешен министер, екс директор на М НАВ и директор на ПИОМ. Од неколку лица кои неоваластено биле во кулата за наведување авиони бил нападнат контролор на летање. За инцидентот се превземени мерки од органите на прогонот се очекува и кривична пријава, а Владата најави дека денеска ќе ги смени директорите во М-НАВ. Фахрудин Хамиди, еден од тројцата директори на М-НАВ на прес конференција изјави дека станувало збор за кошкање меѓу колеги наспроти него обвинителството виде кривично дело за кое е можна минимална затворска казна од пет години.
Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД, Скопје е акционерско друштво основано во 100% сопственост од страна на Владата. Друштвото постои од 4 ноември 2008 година. Во согласност со одредбите утврдени во Законот за воздухопловство, М-НАВ е авторизиран давател на услуги на воздухопловна навигација. Во текот на 2022 година, друштвото доби решение за продолжување на уверението за работа за давање на услуги на воздухопловна навигација за период од 2 години сметано до 09.03.2024 година. За таа лиценца М-НАВ на АЦВ плати такса од 330.000 евра за две години.
НАВ добива 83,2% од приходите од прелети во тек на една година. Другите 16,8 отсто се приходи од прелетите кои ги добива Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВ). Вредно е да се истакне дека АЦВ е државно регулаторно тело кое има законски надлежности да ја контролира работата на М-НАВ, пренесува Фактор.