„Секогаш ќе има дијалог и секогаш ќе работиме, но ќе повторам нешто што исто така сум го кажал повеќепати, не решение по секој цена и не решение коешто дополнително ќе биде ризик и камен на сопнување како ова решение од 2022 година, што сега на дело се докажува дека е решение кое што создава дополнителни проблеми меѓу државите наместо да биде чекор напред“, изјави денеска шефот на македонската дипломатија прашан за коментар на пораката што вчера во Скопје ја испрати претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта
Планот А е полноправно членство на нашата земја во Европската Унија и од тој план државата нема да скршне дури е предводена од оваа влада во која јас сум член, изјави денеска шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Но, концесии коишто нè ставаат во ситуација повторно да се враќаме во оваа состојба во која што сме сега, министерот рече дека како влада нема да прифатат.
Тој ова го кажа на денешната заедничка прес-конференција со својата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во посета на Скопје, а прашан дали Владата има некаква идеја за надминување на ќор-сокакот во спорот со Бугарија, особено по вчерашната порака од претседателот Советот на ЕУ, Антонио Кошта, дека во делот со Софија не е можен план Б дека треба да се фокусираме на планот А.
„Она што е договорено во 2022 година е договорено и сега треба да се реализира, нема простор за нови барања“, рече вчера Кошта во Скопје.
„Значи нема никаква дилема околу нашата посветеност на европскиот пат. Како ние тоа го докажуваме? Прва земја сме во регионот којашто потпиша партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија, нешто што сега во актуелниот контекст се покажа како многу значајно. Тоа го направивме пред неколку месеци. Земја лидер согласно став на високи претставници на Европската унија во делот на имплементација на Реформската агенда којашто е интегрален дел од Планот за раст. Значи ние на дело покажуваме дека план А е полноправно членство во Европската Унија“, рече Муцунски.