Муцунски вели дека Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите, но не открива детали

Date:

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски обелодени дека Владата работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на евроинтеграциите, но не сподели детали кои се дел од дипломатските разговори. Муцунски, во интервју за МИА, истакна дека власта има јасни црвени линии и позиции и прашања за кои што не е подготвена да преговара и информираше дека се работи на изнаоѓање решение, кое нема да создава ризици земјата повторно да биде блокирана на европскиот пат.

Муцунски и се обрати и на опозицијата на која и порача дека има легитимно право да дава критика и став за сите прашања освен за надворешната политика, каде што, вели се направени катастрофални грешки. Тој вели дека доколку францускиот предлог бил добар, немало секој да има различно толкување за тоа кои се нашите обврски во него, туку ќе имавло јасна слика што се очекува од нашата држава.

„Денес претставниците на опозицијата и дома ни велат единствено уставните измени се тоа што се бара од нас, а ние на наши билатерални средби од официјални претставници на Бугарија, прво сме информирани дека не се единствено уставните измени тоа што се бара од нас, туку се бараат и различни отстапки, меѓу кои што и отстапки од историска природа, а исто така ни се укажува дека не се работи само за нивно толкување, туку се работи и за ветувања дадени од високи претставници на претходната влада спрема Бугарија,“, вели Муцунски.

Министерот истакна дека во последната година, земјата има постигнато напредок во делот на имплементација на реформската агенда, но и дека остануваат и приоритети за периодот којшто следи како што се реформа на правосудниот систем и на јавната администрација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...