Музичка компанија ја тужи Бијонсе за неовластено користење на дел од песната „Moonraker“ од 1998 година

Date:

Бијонсе заврши на суд поради наводно неовластено искористено парче музика во нејзиниот познат хит „Alien Superstar“. Според судските документи до кои дојде „ТМЗ“, компанијата „Hirose Enterprise“ и продуцентот Шуџи Хиросе поднеле тужба против Бијонсе и неколку музички куќи за кршење на авторските права.

Од компанијата тврдат дека ги поседуваат сите права за композицијата „Moonraker“, на Џон Холидеј од 1998 година. Наведуваат дека Бијонсе го зела говорниот вовед од таа песна и го ставила во нејзината „Alien Superstar“, објавена на албумот „Renaissance“ во 2022 година.

Во тужбата се тврди дека Бијонсе и нејзиниот тим воопшто немале дозвола кога го објавиле албумот. Дозвола зеле дури неколку недели подоцна, но само од пејачот Холидеј, за кого од компанијата „Hirose“ тврдат дека уште пред неколку децении ги префрлил сите свои авторски права на нив.

Од „Hirose“ велат дека веднаш го предупредиле тимот на Бијонсе за оваа грешка, но тие сепак продолжиле да ја продаваат песната. Сега бараат судска забрана за Бијонсе со која ќе ѝ се оневозможи и понатаму да заработува од нивното дело, како и исплата на парична штета.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...