Музичари од четири земји ја негуваат македонската етно музика

Date:

Група музичари од четири земји меѓу кои Финска, Германија, Мексико и Македонија, неколку месеци ги забавуваат посетителите на градските пазари во неколку градови во источниот дел на државата.

Водач на групата е Влатко Ристов, изведувач на инструментот „ќемане“ од Македонска Каменица, кој за време на нивната посета на градскиот пазар во Делчево, рече дека се работи за ентузијасти кои спонтано се собрале, а цел им е негување на етно музиката од овие краишта.

-Сакаме да ја негуваме македонската музика. Ова се гости Лемпи од Финска, Сантјаго од Мексико и Фин од Германија. Ја сакаме македонската музика, свириме да го развеселиме народот, да донесеме малку позитивна енергија и така, вели Ристовски.

Моментално, македонската етно музика ја промовираат во Кочани, Македонска Каменица и Делчево, а планот им е да направат турнеја низ целата држава.

Мексиканецот Сантијаго се приклучил на групата пред неколку недели, а неговата колешка Лимпи која е и вокал, музицирала неколку месеци додека ги научила етно песните со кои се претставуваат, потенцирајќи дека и се допаѓа земјава, додека Фин од Германија вели дека за него земјава е најубавото место.

Четворицата ентузијасти најавија дека и следната сабота повторно ќе дојдат во Делчево, претставувајќи се со уште повеќе малку познати стари македонски песни кои ги подготвуваат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...