Мрачната позадина на интервјуто на принцезата Дајана кое го шокираше светот

Date:

Како наидува крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети, јавноста се сеќава и на покојната принцеза Дајана, особено на интервјуто кое го даде во ноември 1995 година, на новинарот на „Би-би-си“, Мартин Башир.

Интервјуто влезе во историјата затоа што Дајана откри детали за нејзиното ментално здравје, бракот со тогашниот принц Чарлс и неговата афера со Камила Паркер. Денес е вистинска реткорст некоја позната личност отворено да зборува за борбата со депресија или булимија, особено не светска принцеза.

Лејди Дајана со Башир разговараше во палатата Кенсингтон, а дури во 2021 година е откриено како новинарот ја натера да зборува за „Би-би-си“.

Со години интервјуто на Башир за емисијата „Панорама“ се сметаше за новинарски триумф. Башир и продуцентот Мајк Робинсон подоцна ја добија наградата „БАФТА“ за најдобро ток шоу.

Дајана рече колку кралското семејство не и било поддршка кога минувала низ постпородилна депресија.

„Па можеби бев првата личност во тоа семејство кое патеше од депресија или пак отворено плачеше. И очигледно тоа беше предизвикано“, рече Дајана и објасни дека нејзините проблеми биле изговор за другите да ја набљудуваат како да не е нормална.

„Сите можеа да ми даваат нови етикети. Дајана е нестабилна или ментално неурамнотежена“, додаде таа.

Во интервју за „Би-би-си“, призна дека се самоповредувала, а отворено зборуваше и за булимија.

„Тоа е симптом на она низ кое што минував. Тоа беше мојот повик за помош, но, испраќав погрешни сигнали, а луѓето често ја користеа мојата булимија и сметаа дека тоа е проблем, дека сум нестабилна“, рече Дајана и додаде дека заради нејзината состојба и пропаднале врските.

Нејзината искреност го воодушеви свет, особено затоа што беше член на кралското семејство.

Венчавката со принцот Чарлс ја следеше целиот свет. Добија два сина, Вилијам и Хари и се чинеше дека тоа е една бајковита приказна. Но, беше добро познато дека Чарлс целото време пател за неговата бивша девојка, Камила.

За пропаднатиот брак му се доверила на Ендру Мортон, кој во книгата „Дајана: Вистинската приказна“, ја опиша драмата од нејзин агол, а Чарлс го призна неверството на друга писателка. Но, во интервјуто, Лејди Дајана отворено рече дека Камила е причината за нивната разделба.

Парот се раздели од 1992 година, а интервјуто за „Би-би-си“ ја стави последната точка.

„Не имаше тројца во бракот, па беше гужва“, објасни Дајана.

Призна дека и таа имала афера со некогашниот војник, Џејмс Хјуит, кој на Вилијам и Хари им даваше часови по јавање. Била повредена кога дознала дека Хјуит бројните детали за нивната врска ги открил во книгата Princess in Love.

Чарлс како крал

На прашањето на Башир, дали Чарлс сакал да стане крал, Дајана му одговорила:

„Секогаш се случуваа расправии кога разговаравме на таа тема. Да се биде крал помалку загушува. Но, затоа што го познавам, мислам дека оваа највисока работа, како што ја нарекувам, му предизвика огромни ограничувања и не сум сигурна дека би можел на тоа да се навикне“.

Месец дена по емитувањето на интервјуто, кралицата Елизабета им испратила писмо на Чарлс и Дајана барајќи од нив да го финализираат разводот што е можно поскоро.

Скандалозните методи на Башир

Башир во 1995 година не бил премногу искусен новинар. Телевизијата планирала некој друг да ја интервјуира принцезата за нејзиниот бурен брак. Сепак, Башир сакал да добие пристап до Дајана на сите можни начини. Најмил графички дизајнер кој му направил лажен извод од банка, за телохранителот на нејзиниот брат, Алан Волер.

Башир му ја покажал сметката на братот на Дајана, Спенсер и му се доверил дека Волер бил платен не само од британски медиуми, туку и од офшор компании да објавува доверливи информации за нејзиното семејство.

Не знаејќи за што точно се работи, дизајнерот ја завршил задачата, а Башир му ги покажал документите на Спенсер. Отишол и чекор понапред, па на Спенсер му ги покажал изводите според кои, наводно, приватните секретари на Чарлс примале сомнителни исплати.

Спенсер веднаш ја известил принцезата за неговите нови сознанија, за таа на крајот се согласи да се сретне со Башир. Иако Спенсер за време на разговорот увидел некои недоследности во изјавите на Башир, интервјуто било закажано и објавено во строга тајност, додека опремата била шверцувана во палатата.

„Би-би-си“ во 2020 година го најмил судијата лорд Дајсон да ги истражи наводите дека Башир ја лажел Дајана за да се здобие со нејзината доверба. Иако таа искрено зборувала за „Би-би-си“, начинот на кој Башир го закажал и го завршил интервјуто, ја фрли лагата на страна.

Во меѓувреме утврдено е дека и самата мрежа „Би-би-си“, учествувала во заташкувањето на пропустите во врска со ова интервју. За потсетување, принцезата Дајана загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што најмногу се слушаше на Spotify во 2024 година?

Spotify ги објави своите годишни листи на најслушани артисти,...

Амбер Херд денес има добри вести, повторно е бремена

Актерката Амбер Херд, која беше во брак со Џони Деп...

Сите мислеле дека Донатела Версаче конечно се подмладила, но кога ја виделе во живо, ситуацијата била поинаква!

Донатела Версаче пред својот 70. роденден изгледала освежено и...

Клои Кардашијан: Терапевтот им кажа приватни детали од мојот живот на таблоидите

Риалити ѕвездата Клои Кардашијан откри дека оди кај терапевт,...