Москва: Франција во Украина планира да испрати 2.000 војници, главно од Легијата на странци

Date:

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека Франција планира да распореди контингент од приближно 2.000 војници во Украина.

– Јадрото на формацијата ќе го сочинуваат јуришните трупи на Француската легија на странци, пред сè од латиноамериканските земји, прецизираше во извештајот руската разузнавачка агенција, пренесува РИА Новости.

Според овие тврдења, трупите се веќе распоредени во подрачјата на Полска кои граничат со Украина, каде што поминуваат интензивна борбена обука. Контингентот ќе вклучува и обични војници и офицери.

Руската разузнавачка служба додаде дека Франција брзо создава дополнителни болнички кревети за сместување на ранетите, а лекарите поминуваат специјализирана медицинска обука за работа на терен, тврдат руските медиуми.

СВР соопшти и дека францускиот претседател Емануел Макрон, во обид, како што се наведува, да ја изведе Франција од нејзината социоекономска криза, „сонува за интервенција и не се откажал од надежта дека ќе влезе во историјата како војсководец“ но дека „слабо ја проучил историјата“.

Руското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека секое сценарио кое вклучува распоредување трупи на земјите членки на НАТО во Украина е категорички неприфатливо за Русија и ризикува остра ескалација. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во...

Газдата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб...

MACEDONIAN CENTURIES LONG SPIRITUAL TREASURE (16)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN According...

Зеленски тврди дека Русија користи севернокорејски ракети за напади врз Украина

Украина и Русија продолжија со напади во текот на...