ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Во монографијата „Стив Пљакас“ (2018), дело на “Македонска искрa“, на 336 страници на англиски и македонски јази, авторот Славе Катин го претставува познатиот бизнисменот Стив Плиакас како канадски Македонец, или македонски Канаѓанец по потекло од убавото македонско село Зелениче, Леринско, од егејскиот дел на Македонија.
Тој е исклучително позната, призната и неодминлива личност меѓу Македонците во Канада и Соединетите Американски Држави. Рецензенти на монографијата се: Академик Антоније Шкокљев-Дончо и Вера Стојчевска-Антиќ.
Стив Пљакас е човекот на кого Македонија му е голе-мата љубов. Тој не отстапува и го брани сѐ она што е поврзано со Aнтичка Македонија. Со неговата посветеност за зачувување на древните македонски корени, насекаде во светот ја раширил вистината за Aнтичка Македонија.
Меѓу другото, заедно со професорот Мајкл Димитри од САД се првите ентузијасти кои во 1995 година ги посетија и ги открија Калешите, народ кој се смета за потомок на Александар III Македонски (Велики) во Пакистан.
Во овие мигови на распетие на Македонија, кога Република Македонија е меѓународно призната, иако не под нејзиното уставно име, тој ги изложува своите погледи за нејзиниот натамошен демократски развој како суверена, самостојна и независна држава на овие балкански ветрометини.
Стив Пљакас е човекот кој со многу чувства и родољубие гледа на сè она што е поврзано со неговата дедовска земја, етничка Македонија. Во исто време, тој е бранителот и афирматорот на историјата и честа на македонскиот народ и Македонија во светот, посебно во Канада, а во последните години и во Соединетите Американски Држави (на Флорида), каде престојува во зимските месеци од годината.

Стив Пљакас, многу одамна, стана член а подоцна и претседател на организацијата „Обединети Македонци“ во Торонто, една од најстарите македонски организации во Северна Америка. Во времето кога беше претседател се одржаа Средбите на протераните Македонци од егејскиот дел на Македонија.
Потоа, беше претседател на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Исто така, беше претседател и креатор на Комитетот за олимписки игри од Канада, кој даде значајна финансиска помош. Тој ги финансираше Канадско-Македонските атлетичари за да се натпреваруваат со Македонците олимпијци на олимпијадите во 2004 година во Атина, и во 2008 година во Пекинг. Стив Пљакас е човекот кој го носеше македонското знаме пред македонските спортисти на двете олимпијади и беше најсреќниот Македонец во светот.
Меѓу другите активности во новата, средина во Канада, Стив Пљакас стана член на Масонската ложа во Њумаркет. И како масон е познат поборник за човековите права, а со тоа и за правата на Македонците во демократска Канада и во сите делови на етничка Македонија и во светот.
Промоции и објави:
Промовирањето на монографијата за Стив Плиакас Македонската беше дел од Македонскиот пикник во март 2019 година што го одржа Македонската заедница во Флорида, како и во Македонското историско друштво во Торонто
Во порталот „Македонска нација“ од ноември 2018 до јуни 2019 година се објавени триесет и три (33) продолженија од монографијата „Стив Пљакас“, под наслов „Стив Пљакас и неговата посветеност на античка Македонија“. Дваесет и четири (24) продолженија се преземени од порталот „Македонско сонце“.
Исто така, од 07 април 2024 година започнаа да се објавуваат нови педесет (50) продолженија од монографијата „Стив Плиакас“ во „Македонскат нација“. Истите (50) продолженија да се објавени и во порталот „Македонско сонце“.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





