Моника Белучи пред својот 60-ти роденден позираше само со бела кошула и високи потпетици

Date:

Актерката Моника Белучи (59) неодамна повторно е во центарот на вниманието поради својата безвременска убавина. Убавината, како апстрактен поим што се манифестира на различни начини, беше епицентар во животот на Белучи. Уште од млада возраст ја опишувале како „олицетворение на убавината“, но за неа вистинската убавина ја надминува човечката анатомија.

-Никогаш не ја земав мојата убавина здраво за готово, таа е дар на животот. Да се ​​биде убава на 25 години е природно, но да се биде убав на 35 и 45, тоа е уметност – позната е нејзината изјава.

Моника повторно предизвика лавина коментари објавувајќи фотографија на која седи во високи потпетици и раскопчана бела кошула под која има само црно боди. Исто така, крена прашина и со објавувањето фотографии за францускиот магазин „Madame Figaro“.

Белучи со децении важи за една од најубавите жени во светот. Славната Италијанка на 30 септември наполни 60 години и влезе во седмата деценија. Таа по повод роденденот говореше и во најновото интервју во кое се осврна на љубовната врска со познатиот Тим ​​Бартон (66).

Многумина беа изненадени од врската на најубавата жена на светот и грдиот американски режисер, но токму тој ја вратил насмевката на лицето на Моника, додека работеле заедно на најновиот проект. Имено, Моника глуми во продолжението на најновиот филм на Тим Бартон „Beetlejuice Beetlejuice“.

– Зрелата врска не значи дека станувате поодговорни, напротив, тоа значи да пронајдете личност која сè уште ви дозволува да бидете полетни. Не сакам премногу да рационализирам, инаку магијата се губи. Да ја објаснувате љубовта е како наутро да си ги запишувате соништата, а штом ги ставите на хартија, тие исчезнуваат – изјави Моника за iodonna.it.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Град во Македонија лежи на закопани бомби

Денеска познат по својата боемска атмосфера и неверојатна архитектура,...

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ: „Ќе ставиме крај на уцените на градежниците“

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на вчерашното...

Скопје на шестото место во светот, загадени и другите градови

Со почетокот на грејната сезона, загадувањето на воздухот повторно...

Во Македонска Каменица фестивал посветен на првиот македонски печатар

Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“...