Тринаесетгодишно момче преживеало откако се лизнало и паднало од височина од речиси 30 метри во Големиот Кањон во американската сојузна држава Аризона. На спасувачките екипи им биле потребни два часа за да го извлечат Вајат Кауфман на безбедно, откако тој паднал од карпа во туристичката област Северен Рим.
Тој бил пренесен во болница со тешки повреди, но подоцна бил пуштен. Вајат изјави за локална телевизија дека паднал додека се движел од патот за луѓето да можат да фотографираат. Тој рече дека клекнал и се држел за камен со едната рака кога изгубил рамнотежа и паднал, пишува „Би-Би-Си“.
„По падот не се сеќавам на речиси ништо. Само повремено се будев и видов дека сум во амбулантно возило и хеликоптер“, додал тој. 13-годишното момче имало девет скршени пршлени, пукната слезина, скршена рака и колабирано белодробно крило.
Во спасувањето учествувале десетици работници за итна помош. Вајат бил извлечен на безбедно од тим од националниот парк, кој се спуштил по карпата откако спасувачите сфатиле дека не можело да се стигне со хеликоптер.
Date: