„Моите деца немаат телефони“: Јелена Ѓоковиќ за воспитувањето на Тара и Стефан

Date:

Јелена Ѓоковиќ, работејќи на фондацијата основана од неа и Новак, се занимава со бројни социјални прашања, а особено е посветена на темите за воспитување деца.

Таа и Новак имаат две деца Тара (6) и Стефан (9), а деталите од приватниот живот ги чуваат за себе и ретко што ѝ откриваат на јавноста.

Јелена, која сега работи на темата на конференцијата „Родителски перспективи: Чувства и јасни граници“, одговори на прашањето како повторно и повторно да се покажува љубов кон детето, а во исто време да се биде строг.

– Тоа е одлично прашање, како родител често се прашувам како да им бидеме доволно јасни на нашите деца, и доволно авторитативни да одржуваме одредени граници кои тие не можат да ги преминат. Често ми е тешко ако не сум емотивно регулирана и ако чувствата ме обземаат. Ова е причината зошто многу родители реагираат преблаго или строго, децата немаат рамнотежа и постојаност од страна на нивните родители. Одиме од една крајност во друга. Ним им треба нормална средина за да можат да се развиваат – вели Јелена за Блиц, осврнувајќи се на користењето мобилни телефони од страна на децата.

-Нема да се навраќаме како сме пораснале, децата за жал се изложени на екраните и последиците се повеќекратни. Истражувањата велат дека децата имаат пореметување со дефицит на внимание, социјалните мрежи се дизајнирани да создаваат зависно однесување. Гледаат многу содржини за многу краток временски период, нивниот мозок е трениран да менува многу информации и не можеме да видиме деца кои успеваат да го задржат вниманието во разговорот и на училиште, а да не зборуваме за други проблеми. Се надевам дека ќе најдеме подобро решение – објасни Јелена, која исто така се бори со тоа.

– Се уште се борам успешно, моите деца имаат девет и шест години, засега немаат телефони или таблети. Таблетите се користат во одредени паралелки во училиштата, но засега тоа е во некои граници на здравиот разум – заклучила сопругата на Новак.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...