Можни сценарија за четвртфинале во СЕХА

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

По расплетот во групата А на СЕХА лигата може да се претпостават четвртфиналните парови во балканската група. Еурофарм Пелистер ја исполни својата мисија, го совлада Нексе со најмалку четири гола разлика и со тоа го избегна ППД Загреб во четвртфиналето. За пласман на априлскиот „фајнал-фор“ екипата на Јовиќ и Шундовски ќе се бори во двомеч со Татран Прешов или Партизан. Овие две екипи во меѓусебен двомеч ќе одлучат кој ќе биде прв во групата, со оглед на тоа што имаат ист број на бодови по два натпревари. Битолчани би играле со победникот во групата Б, што сигурно е поуспешната екипа од српско-словачкиот двомеч.

Во случај на по една победа на двете екипи, ќе решава гол-разликата, а тука и Вардар 1961 се прашува. Сепак, македонскиот шампион има лоша гол-разлика и не може да биде првопласиран во групата, но скоро и да не може да биде и третопласиран. Така со голема веројатност екипата на Владо Недановски ќе игра против победникот во групата А, Војводина од Нови Сад, за место на завршниот турнир. Веспрем би играл со третопласираниот од групата Б (послабиот од двомечот Татран Прешов – Партизан), а ППД Загреб и Нексе Нашице го сочинуваат првиот сигурен четвртфинален пар. Ако се исполнат најавите и Вардар 1961 заврши како второпласиран, како и Еурофарм Пелистер, двете екипи ќе се избегнат и во полуфиналето на Ф4.

Првиот четвртфинален натпревар е закажан за четврти април, а возвратниот е десетина дена подоцна. Двата македонски тима во оваа фаза првиот натпревар би го играле на домашен терен. Завршниот турнир е предвиден за периодот од 21 до 23 април. Организаторт на полуфиналето и финалето веројатно ќе биде Задар. 

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...