МНР: Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации

Date:

Рамкaта за соработка на ОН 2026 – 2030 претставува клучен стратешки документ кој ќе го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години, соопшти МНР.

Инклузивен социјален и човечки развој; одржлива економија и достојна работа; отпорно и зелено општество и екосистеми; владеење на правото и добро управување. Ова се приоритетите на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации (UNSDCF) 2026 – 2030, што денес ја потпишаа Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и постојаниот координатор на ОН во Македонија, Рита Колумбија.

„Рамката за соработка е клучен стратешки документ кој го води работењето на сите агенции на ОН во земјата во наредните пет години. Документ на кој сите сме многу горди! Сите активности предвидени во новиот Рамковен договор за соработка се комплементарни и во функција на европската интеграција на нашата земја. Новата Рамка за соработка е развиена во тесна соработка со Владата, следејќи обемен консултативен процес со различни институции и организации, со што се потврдува инклузивноста на процесот. Нашата Влада ќе продолжи да работи блиску со ОН за постигнување на поодржлив развој и ќе остане цврсто посветена на градење на просперитетно и инклузивно општество, создавајќи услови за посветла и поздравa иднина за сите наши граѓани,” истакна Муцунски.

Рамката за соработка на ОН претставува заедничка понуда на ОН во поддршка на националните развојни приоритети на Владата на Македонија.

„Новиот договор за соработка е резултат на нашата заедничка визија со Владата, обликувана од вредни увиди од граѓанското општество, академската заедница и луѓето од секој агол на нашата заедница. Овој договор ја претставува нашата заедничка посветеност кон подобрување на животот на сите во земјата. Заедно утврдивме четири клучни приоритети што се меѓусебно поврзани и дизајнирани да се поддржуваат. Овие приоритети се усогласени со Националната стратегија за развој и ја претставуваат обединетата заложба за напредок на одржливиот развој, без да се остави никој зад себе. ОН ќе работи рамо до рамо со народот на Македонија за создавање на посветла иднина за сите”, рече Рита Колумбија, постојан координатор на ОН.

Вкупно 15 агенции, програми и фондови на ОН (FAO, ILO, IOM, ITU, UNDP, UNECE, UNEP, UNFPA, UNHCR, UNICEF, UNIDO, UNOPS, UN Women, WHO) ја потпишаа Рамката за соработка, обврзувајќи се да ја поддржат и придонесат кон напредокот на земјата во постигнувањето на Целите за одржлив развој во наредниот период.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оливија Вајлд: Врската со Хари Стајлс ми нанесе штета и на кариерата и на приватниот живот

Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд изјави дека негативните реакции од...

Македонија доби две места во Европската лига, но уште ќе чекаме за директно место во Лигата на шампионите

Македонскиот клупски ракомет продолжува да бележи напредок, а најновите...

ФИФА го избра идеалниот тим на Светското првенство

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави идеалниот тим на...

Летаа покриви и откорнати делови, невреме го зафати Скопје

Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако...