МНОГУ ЖЕЛБИ, МАЛКУ МОЖНОСТИ: Што ќе купат пензионерите со покачувањето на пензиите?

Date:

Пензионерите не се задовoлни од покачувањето на пензиите. Иако беа ветени 6.8 отсто, тие добија зголемување од 5.3 отсто.

Oние кои ги анкетиравме, се категорични дека заслужуваат повеќе пари. Велат дека со покачувањето кое го добија можат да си дозволат само едно пазарење плус во месецот.

„Нема ништо, тоа се само празни муабети. Јас во банка не ни прашав колкаво покачување имам. Веројатно немам повеќе од 1.000 денари плус. И за 10 отсто да покачат, пак ништо не правиме, пензиите се мали. Можеме самите себеси да се лажеме“, вели Воислав Гелиќ, пензионер.

Али Османи, пензионер објасни дека е разочаран од малото покачување на пензиите.

„Јас не се сложувам. Ако не дадат по 3.500 денари, ништо не правиме“, рече Османи.

Повозрасните граѓани велат дека ако има за политичарите, треба да има и за пензионерите.

„Разочарана сум, но не знам колку треба да се покачи. Како ќе кажат властите, така“, вели пензионерка.

Дел од пензионерите оделе на протести и понатаму планираат да протестираат за остварување на своите права.

„Ништо не можеме да направиме со тие пари и ќе одам на протести. Постојано одев на протести. Ако може да има за министрите, зошто да нема за нас? Работев 35 години, а пензија по решение земав 10.300 денари. Тешко е, половина од парите ги давам за лекови“, објаснува Ласте Димитриевски, пензионер.

Деновиве околу 97.000 пензионери кои месечно добиваа по 12.500 денари, што е најниска пензија во државата, добија екстра 662 денари. Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, кажа дека не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем. Вели дека за година и полoвина пензиите се зголемени за 24 проценти, односно од јануари лани во согласност со усогласувањето со животните трошоци. Штипските пензионери на 11 Октомври ќе протестираат во Скопје. Пенизионерите од Штип не се откажуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите, но тие сега бараат зголемување на пензиите за 5.000 денари. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...