Младите сѐ помалку безбедни во Скопје, во Капиштец ограбени две деца со закана од пиштол

Date:

Скопје е сѐ помалку безбеден град. Граѓаните речиси секојдневно се мета на разни разбојништва и малтретирања, па и пукања на улиците. При тоа, не се поштедени ниту младите, чии загрижени родители често преку социјалните мрежи реагираат и се жалат дека полицијата нигде ја нема во ситуациии кога треба да интервенира и да ги заштити од разни насилници.

Според попладневниот билтен на МВР, на 26.12.2023 во 23.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош, едно лице со закана врз двајца малолетници, им одзело пари и лични предмети. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од таму.

Ова е засега официјалното соопштение од МВР, во врска со немилиот настан кој се случил синоќа нешто пред полноќ.

Според изјавата на мајката на едно од децата, случката била во 22.58 часот, а не во 23.58 како што објави МВР. Таа го пријавила случајот во полициската станица Карпош и според изјавите на детето, напаѓачот им вперил пиштол и им се заканил дека во него има три куршуми. Потоа им ја украл облеката и парите кои ги имале. Уште пострашно (или пожално) е што додека се случувал грабежот во нивна близина имало и други луѓе кои не им притекнале на помош на децата.

Немилата случка настанала кај бурекџилницата Милениум во Капиштец, во близина на Министерството за економија, каде двете малолетни лица (16) седеле на клупа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...

Кети Пери конечно се огласи по вселенското патување

Поп ѕвездата Кети Пери (40) се соочи со жестоки...