Дел од младите селекции на Македонија ги дознаа противниците за големите натпреварувања што ќе ги очекуваат нашите ракометни надежи во текот на претстојното лето.
Младинската репрезентација на Македонија предводена од Раде Стојановиќ во јуни 2025 ја очекува мундијал во Катовица Полска, а нашите младинци за ривали во групната рунда ги добија Исланд, Романија и уште една селекција која ќе добие вајлд-карта од ИХФ за ова натпреварување.
Maшката кадетска репрезентација имаше поволна ждрепка, за противник добивајќи ги репрезентациите на Словачка, Германија и Португалија.
Женската младинска селекција се најде во групата А за наредното европско првенство, каде ќе се сретне со Полска, Унгарија и со репрезентацијата на Чешка.
Женската кадетска репрезентација ја очекува ЕП за ракометарки до 17 години, каде нашата селекција беше извлечена во групата Б, заедно со селекциите на Словачка, Португалија и на Германија. Првопласираните две во секоја група, плус двете најдобри третопласирани екипи, ќе продолжат во четврт-финалето. Европското првенство ќе се одржи во периодот 30.07 до 10.08.2025 година.