Младите од Македонија бараат утеха во европските земји, главно во Германија

Date:

Низ многу онлајн медиуми кружат информации дека Германија подготвува законски измени за дополнително да ги олесни процедурите за граѓаните од трети земји кои имаат намера да одат на работа таму. Во информацијата се вели дека германските институции планираат да овозможат луѓето кои сакаат да работат во Германија – да можат да работат 90 дена, без работна виза. Но, од германската амбасада во Скопје велат дека правилата се исти и дека виза е потребна за секаков вид на работно место, пренесува ТВ Алсат.

„Ве информираме дека освен одобрените измени на Законот за имиграција на квалификувана работна сила, нема дополнителни измени на досегашните можности за отпочнување на работа. Во принцип, ова значи: Потребна е виза за секој вид на работа“, наведуваат од германската амбасада во Скопје.

Со или без променети правила, младите продолжуваат да наоѓаат утеха во европските земји, главно во Германија. Процедурите за работна виза течат брзо и многу граѓани ја напуштаат земјата во потрага по подобар живот, исто како и овој млад човек кој пред германската амбасада го чекаше терминот за виза, но не сакаше да зборува пред камера.

Во германската амбасада дошол и родител, чиј син веќе 10 години бил во Германија, додека друг чекаше да му биде одобрена визата.

Празнењето на државата најјасно го забележуваат оние кои ги превезуваат овие граѓани во Германија. Фејзула, возач на автобус, вели дека од време на време се зголемува бројот на патници и тоа се претежно млади луѓе.

Заминувањето на главно млади луѓе, но и граѓани од други возрасни групи, предизвика недостиг на работници во земјава, главно во угостителството, но и во многу други професии.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...