Младиот пијанист Симо Шишевиќ од Лондон ке настапи на Јубилејното 45 то издание на Скопско лето

Date:

Младиот пијанист Симо Шишевиќ од Лондон ке настапи на Јубилејното 45 то издание на Скопско лето. Ова е негов прв настап пред македонската публика.

„Би сакал да ја изразам мојата голема радост што ќе настапувам на овогодишното издание на реномираниот фестивал„Скопско лето“. Воедно, мојот настап преставува мое прво претставување пред македонската публика. Ги поканувам сите заинтересирани љубители на музиката да присуствуваат на концертот и да ја слушнат мојата изведба на магичните дела од Брамс, Метнер и Рахманинов. Верувам дека овој мој настап ќе биде само прв во низата на следни концерти во Македонија, со желба дека волшебноста на оваа уметност во Скопје ќе продолжи со мојот настап и следната, 2025 година, во Охрид.“-вели уметникот.

Тој изрази и благодарност за поканата до Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, која годинава слави 45 години работа, како и до директорот на фестивалот „Скопско лето, г-дин. Никола Глигоров.

„Исто така, сакам да упатам голема благодарност до Амбасадата на мојата татковина Црна Гора и почитуваниот г-дин Веселин Шљиванчанин за нивната поддршка во организацијата на овој концерт. Му благодарам особено на Почесниот конзул на Црна Гора, г-дин Милорад Андијашевиќ кој се погрижи да обезбеди сретства за моето сместување и престој во Скопје. Би сакал од се срце да им се заблагодарам на г-дин Зоран и Лиљана Трајковски, на г-ѓа Душанка Марсениќ, и г-ѓа Оливера Николова, кои со своето бесценето залагање придонесоа овој настан да се претвори во реалност.Нестрпливо ја очекувам можноста лично да Ви се заблагодарам на сите Вас на 25 јуни, кога со мојата изведба и програма ќе се обидам да разубавам една од летните вечери на градот Скопје.“-вели Симо Шишеви

Во своето излагање тој се претставува: Скромно би започнал со цитатот и обзервацијата на Проф. Гордон Фергус Томпсон, RCM-Royal College of Music, London, кој го напиша следното мислење: „Тој е еден
најталентиран пијанист чија дисциплина и посветеност се втемелени. Тој веќе ги поседува
корените на силен виртуозо, неговата техника, интелектуална љубопитност и музикалност
инспирираат софистицирани интерпретации“.


Дипломирав на студиската програма BMus (Hons) на Кралскиот Колеџ за Музика во Лондон со Диплома од прва класа, најпрво во класата на пијанистот Гордон Фергус-Томпсон а потоа продолжив кај познатиот британски професор Џон Бирн. Студирав две години чембало и фортепијано со Џејн Чепмен и Џефри Говиер, како и диригирање со Питер Старк.Во мојата биографија е наведено дека сум концертен пијанист на класична музика израснат во Бар, Црна Гора, каде што започнувам да свирам пијано од својата шестгодишна возраст. На 12-годишна возраст ја освојувам Апсолутната награда на меѓународниот натпревар по пијано „Academy Award“ во Рим. Две години подоцна, на своја 14-годишна возраст, ја имав
честа да го претставувам црногорското музичко наследство на конзерваториумот Фредерик Шопен во Париз, Франција. На свои 17 години по прв пат го имав своето деби со оркестар, изведувајќи го концертот на Моцарт. Истата година, волонтирав во акцијата на УНИЦЕФ за поддршка на домовите за запоставените деца во Црна Гора. Со запишувањето на моите студии во Лондон, започнувам во континутет со настапи на многубројни хуманитарни проекти, особено на оние кои што поддржуваат помагање на децата. Чест ми е што сум поддржан и спонзориран од многубројни организации како што се Министерството за култура на Црна Гора, Фондацијата Зетланд, ПроАрт итн. Во овој период, како добитник на стипендијата Academia del Riddoto -, Италија, престојувам на школување во Милано каде ги продолжувам своите магистерски студии во класата на Борис Берман. Тешките години на пандемијата имаа влијание и на мојата кариерата и тоа токму во периодот пред моето дипломирање. Но, тоа не ме спречуваше да одржувам многубројни
концерти во живо за мојата публика преку можност дигитално да ги следи моите концерти. Горд сум што имам можност за настапувам во сите градови на својата земја и во странство, а оваа сезона на повидок се моите закажани солистички концерти но и концерти со изведба како камерен музичар, вели уметникот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...