„Сите беа дојдени да се забавуваат и ширеа љубов и позитивна енергија. Местото е мало, но има поубава енергија од најубавите и најскапи локали низ Македонија. А, најбитно од сè – и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои ‘големи газди’“, вели Панчо.
Панчо од ДНК, познат и како диџеј Шорти, пушташе музика во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Направи супер журка за студентите, а потоа објави и видео на својот профил на Фејсбук.
Тој не криеше дека е револтиран од коментарите на некои луѓе дека треба да му е под чест да пушта музика во студентски дом.

Тоа го испровоцира да го објави видеото и да покаже дека студентите одлично се забавуваат, но и да го пофали дечкото кој го ангажирал, бидејќи за разлика од некои „големи газди“, како што вели Панчо, воопшто не се ценкал околу хонорарот.
„Ми се смееја зошто сум прифатил да пуштам музика во студентски дом… Тоа требало да ми биде под чест со оглед на мојата репутација.
Јас само им се насмеав и им кажав дека ќе им испратам видео од самото место.
Обожавам вакви места, јас сум дете на народот и никогаш не сум се гледал повеќе од останатите луѓе. За мене сите сме исти.

И да бидам искрен, сите кои беа присутни, беа дојдени за да се забавуваат и ширеа само љубов и позитивна енергија. Студенти, чисти души.
Местото е мало, но има поубава енергија од најубавите и најскапи локали низ Македонија, а најбитно од сè, и покрај малата квадратура, евтината карта и пијачка, дечкото што ме покани (Благојче), не се ценкаше за хонорарот за разлика од некои ‘големи газди’.
Студентски Пелагонија, ве обожавам“.
