Мицкоски се закани со кривични пријави до експертите во групата за уставни измени

Date:

Повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи уставните измени, лидерот Христијан Мицкоски предупреди дека ќе има одговорност за ова што го прави владата и кривични пријави за експертите што ќе бидат дел од работното тело за подготовка на уставните измени, бидејќи ќе зеле пари, а немало да сработат ништо.

Министерството за правда вчера објави дел од работната експертска група за уставните измени со назнака дека ќе имало уште. Меѓу вчера објавените имиња се поранешниот претседател на Уставниот суд Сали Мурати, екс судијката во судот за човекови права во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, поранешниот уставен судија и професор по уставно право Бајрам Положани, Бранко Наумовски поранешен претседател на Уставниот суд, Јетон Шасивари и Беса Арифи професори на универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Ана Чупеска и Елена Михајлова стратилати професорки на Правниот факултет „јустинијан први“, Јагода Митревска професор на Меѓународниот славјански универзитет и Марија Пандевска професор на Институтот за национална историја.

Меѓу овие имиња ги нема имињата на професорката Силјановска Давкова, академик Камбовски, професорот Шкариќ кој најави вклучување дури во јавната дебата за амандманите. Дел од нив како и лидерот на Левица Апасиев ја спорат процедурата што ја практикува власта, а врв на сето тоа е отсуството на консензус без кој оваа мисија би била неуспешна.

Независно од ваквите ставови власта го движи процесот на уставните измени. Моментално тој е на конципирање на работни групи што од партиски репрезенти што од експерти. ВМРО-ДПМНЕ, Демократски сојуз, Беса, Алтернатива и Левица рекоа дека нема да делегираат свои претставници во работните групи, а Левица и дека се против внесување на Бугарите во уставот.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...