Мицкоски повика на обединување, а потоа порача: Уставните измени се предавство

Date:

Повика на обединување без разлика на политичката припадност, бидејќи само на таков начин  младите ќе имаат иднина, а Македонија ќе се развива во модерна и европска држава.

„Навистина ова се денови кога треба да се обединиме, без разлика на нашите политички разлики, ова се денови кога треба да прифатиме порака на обединување, на заедништво“, вели Христијан Мицкоски.

Но, неколку секунди подоцна, одби да го прифати повикот кој трае веќе извесно време за политички консензус и обединување за Уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во уставот, што е услов за почнување на преговорите со Европската унија, со што Македонија би станала европска држава.

„Тоа не е обединување, тоа е предавство. Тоа требаше некој да го мисли пред да го договара. Затоа што ние не излеговме на избори ветувајќи на граѓаните промена на Устав. Не излеговме на избори ветувајќи на граѓаните потпишување на капитулација и предавство. Тој што го потпишуваше тоа требаше да знае дека нема услови тоа да го испорача“, порача Мицкоски.

Како што вели неговиот повик за обединување е за чесноста кон граѓаните, а решение за целата криза се брзи избори, нешто што го бараат граѓаните. Тврди дека пратеници на СДСМ и ДУИ, го сакале истото што и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа се предвремени избори.

„Предвремени парламентарни избори се услов за Македонија да може да тргне напред. Затоа велам да се обединиме околу тоа и да поддржиме предвремени парламентарни избори кои би се случиле најдоцна до средината или втората половина на мај месец оваа година“, додаде Мицкоски.

Засега обединети во ова нивно барање се единствено Движењето Беса. Лидерот на оваа партија Биљал Касами.

„Доколку владата нема слух за овие проблеми и да се соочи со граѓаните на предвремени избори, заедно со опозицијата ќе се разгледаат можностите и ако треба ќе организираме и граѓански протести. Ова ќе биде еден вид притисок врз владата да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на избори“, рече Биљал Касами.

Алијанса за Албанците порачува дека припритет се Уставните измени, а владејачката коалиција СДСМ и ДУИ не сакаат предвремени парламентарни избори. Според нив, изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024-та година.

„Предавство е да се лаже својот народ, да се блокира европскиот пат и признавањето на македонскиот јазик и идентитет во големото семејство на европски народи. Мицкоски останува заложник на Апасиев и во сенка на Груевски, го лаже народот дури и на Божиќ“, велат од СДСМ.

Но, ако до ноември нема Уставни измени, ќе има политичка криза.

„Да, влегуваме во слеп колосек во таа ситуација и влегуваме во една политичка криза во која или на избори или преку други механизми граѓаните ќе мора да одлучат и партиите и граѓаните и политичките елити дали европскиот пат е вистинскиот пат за Македонија бидејќи во таа ситуација овој тивок бојкот на европските интеграции ќе се претвори во активен бојкот. Не гледам јас разврска освен некаква лидерска средба, некакви заеднички политички консултации, некаков ресет на политичкиот систем барем неколкуте поголеми партии да одлучат за некоја национална стратегија“, порача Петар Арсовски.

Македонија треба да ги донесе уставните измени до крајот на оваа година, односно во ноември кога ќе заврши скринингот. Во сегашни услови, тоа е тешко да се очекува, бидејќи Власта го нема потребното парламентарно мнозинство од најмалку 80 пратеници во Собранието.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...