Мицкоски за грчката реакција: Неодговорно е да се тврди дека македонското прашање е затворено кога не сме дел од ЕУ

Date:

Изненаден од реакцијата на Грција која неговите зборови ги нарече провокација дека „треба македонското прашање конечно да добие своја разврска бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сè уште постои“, вака изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју од Њујорк за „МРТ“.

„Мојата цел и пораките се јасни. Како премиер, би било неодговорно и предавство на македонскиот народ, на македонските граѓани, да се каже дека македонското прашање е затворено во услови кога ние не сме дел од европското семејство, а сме тргнале на патот многу порано од некои земји кои сега се членки (на ЕУ). Ова е отворено прашање. Мора да имаме институционална трага дека сме се бореле, не сме го напуштиле бојното поле и не сме биле предавници на македонскиот народ и на македонскиот идентитет“, рече Мицкоски, кој објасни дека не му е јасно зошто Грција реагирала, бидејќи неговата изјава дадена на средбата со иселениците во Њу Џерси, не наведува никого конкретно.

Според него, главната причина зошто Македонија сè уште не ги започнала преговорите со ЕУ се билатералните прашања, „кои не треба да бидат критериуми и услови“.

„Посуштинско прашање е што не можеме да кажеме дека македонското прашање е затворено, откако Судот за човекови права донесе одлуки за Македонците од другата страна на границата, во Бугарија, кои велат дека бугарското општество не го почитува основното човечко право на македонската заедница таму“, додаде Мицкоски.

На прашањето дали остварил некакви контакти со новата влада на Бугарија, Мицкоски одговори дека нема комуникација „со новиот премиер на источниот сосед“, но со задоволство ќе се сретне со него и ќе седне да разговара „да види какви се можностите“.

„Мојата единствена порака ќе биде дека ако договорите се валидни и мора да се почитуваат за нас, тогаш тие мора да бидат валидни и почитувани и за нив (Бугарија) и дека билатералните прашања не треба да бидат дел од преговарачкиот процес. Јасно ми е дека тоа што го прифатија Османи и Ковачевски е проблем и дека тоа секогаш ќе се поставува како услов. Но, ако овој услов важи за нас, тогаш мора да важат и сите други услови од тие договори што беа потпишани претходно, како што е Резолуцијата за човекови права, како што е Договорот за (пријателство и) добрососедство. Сето ова треба да биде обврска за сите земји“, рече Мицкоски.

Во врска со дискусијата во Македонија за причините за неговото присуство во САД и резултатите од најавените средби, Мицкоски прецизира дека делегацијата добила покана од Организацискиот одбор за инаугурацијата на Доналд Трампа, а целта на „што прави опозицијата“ е поканата, а не резултатите од неговата посета таму да се претворат во главна тема, бидејќи, како што вели, „суштината на посетата ќе се види во следниот период“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 Брзо тирамису

Тирамисуто е еден од најпознатите италијански десерти, а оваа...

ВИСТИНАТА ЗА ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ ОД КРСТОАР, БИТОЛСКО (56)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Монографијата...

Ќе ги уништиме сите електрани и мостови на Иран ако не преговараат, се закани Трамп

Доналд Трамп синоќа се закани дека САД ќе ги...

Мицкоски не е оптимист за Изборниот законик, поради „неодговорни и незрели политичари во опозицијата“

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат...