Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да се охрабри, нека излезе на избори за да се соочиме

Date:

Ако власта не прифаќа да седне на маса со најголемата политичка партија и да договори датум за избори, роковите секако ќе дојдат, а Уставот и законите се немилосрдни, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По изјавата на премиерот Ковачевски дека СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната година и ќе ја формира идната Влада, Мицкоски повтори дека се подготвени уште утре да се распушти Собранието и да одат на избори.

– Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признаам, но има само еден начин тоа да го докаже и покаже. Наместо како кукавица да биде под фустанот на ДУИ, нека излезе на избори па ќе видиме кој кого ќе победи, какви ќе бидат резултатите. Се додека како кукавица коленичи под фустаните на поголемиот партнер во Владата ДУИ, за жал ќе остане само на кукавичко заканување, а делата ќе изостанат, изјави Мицкоски.

Сепак, досега ниту од власта, ниту од опозицијата се немаат произнесено за терминот 5 мај, кој го кажа собранискиот спикер Талат Џафери, како единствениот можен датум за двојни избори во редовен термин – парламентарни и претседателски во втор круг.

И додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се натегаат дали треба да има лидерска и двојни избори, помалите партии го реактуелизираа барањето за една изборна единица. Пратеникот и лидер на ДС, Павле Трајанов побара итно усвојување на измените на изборниот законик и продолжување на собраниската постапка.

-Очекуваме најитно да се одржи расправа во Комисијата за политички систем и односи помеѓу заедниците, како и во Законодавно-правната комисија, со што ќе се создадат услови за расправа и одлучување на пленарна седница – изјави Трајанов.

Измените на Изборниот законик со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, до Собранието беа доставени пред две години и по подолго време блокирање, СДСМ и ДУИ, дадоа поддршка за законот, а за гласаа и од ВМРО-ДПМНЕ. Сега, според Трајанов предлог-измените се заглавени во втората фаза со неодржување на комисиски расправи, каде треба да се предложат амандмани и на крај да се гласа Македонија да биде една изборна единица.

Предлагачи на законот се: пратеници од ДС, ЛДП, Левица, ВМРО-НП, ДОМ и други пратеници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...