Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на вчерашниот протест на студентите

Date:

Владата ги информирала сојузниците во НАТО и во ЕУ за обид за дестабилизација од страна на опозицијата за време на вчерашниот протест во Скопје, на кој студенти бараа полагањето на правосудниот испит да се спроведува и на албански јазик. Ова денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, велејќи дека присуството на голем број опозициски активисти и високи функционери му дале политичка конотација на вчерашниот протест.

„Вчера видовме голем број на опозициски и активисти и високи функционери кои беа на протестот, давајќи му и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници и во НАТО и во Европската Унија за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од високи преставници на меѓународната заедница“,изјави Мицкоски одговарајќи новинарски прашања.

Во однос на брањата на студентите за полагање на правосудниот испит и на албански јазик, премиерот вели дека барањата се едно, а Уставот и меѓународните стандарди се нешто сосема друго.

„Факт е дека Законот за употреба на јазиците е предизвикан пред Уставниот суд токму во оној дел на правосудството и владеењето на правото. Факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија во однос на двојазичноста во правосудството бидејќи прво, немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, а второ, не се гарантира владеењето на правото. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008 или 2009 година“,вели Мицкоски.

Тој посочи дека е формирана комисија составена од уставни експерти кои треба да најдат решение во однос на ова прашање кое истовремено ќе биде уставно и согласно меѓународните стандарди.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Палачинки со јаболки и цимет

Пробајте ја есенската верзија на палачинки со топол фил...

„Ју-Ту“ со нов сингл „The Greatest Show On Earth“ и првите датуми на светска турнеја

Калифорниска пустина, црно-бела слика. Четири маскирани мажи водат религиозна...

„БТС“ испиша музичка историја: првата група во светот со повеќе од 10 милијарди преслушувања на Спотифај за една година

Јужнокорејската музичка група „БТС“ испиша нова страница во музичката...

Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

Британскиот актер Мартин Фримен (55), познат по улогите во...