Специјалистите за надзор на автопатиштата месечно ќе земаат 40 пати повисока плата од универзитетски професор. Тоа би значело дека се значи дека се очекува да бидат за најмалку 40 пати поквалитетни од просекот во Македонија или дека дел од нивните плати ќе завршат во други џебови.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сликовито го објасни случајот земајќи се себеси за пример. Како редовен универзитетски професор Мицкоски рече дека зема околу 900 евра месечна плата, а себеси се смета за барем просечно квалитетен професор.

Тој специјалист кој ќе зема 36.500 евра значи дека тоа е некаде околу 40 пати поквалитетен од мене. Овој 40 пати треба да е поквалитетен од просекот или дел од тие пари ќе завршуваат во некои приватни џебови. Помножете го тоа со пет, бидејќи им требаат пет такви специјалисти, рече Мицкоски.

Затоа, додава Мицкоски, кога станува збор за епски проект, треба да кажеме дека станува збор за епски криминал, при што изрази убедување дека владата не само што не е способна да го заврши проектот за коридорите, туку и дека авансите што се префрлаат, се обид предизборно да завршат во приватни џебови со кои би се вршел поткуп на претстојните и претседателски, и парламентарни избори.

Дел од авансите кои се префрлаат пред избори се обид да завршат во приватни џебови, а потоа од таму да се влијае со поткуп врз гласачите за време на изборите. И повторно прават грешка, го потценуваат народот. Народот, и покрај тоа што ќе се обидат со насилство, со поткупи, со притисоци ќе излезе и така силно ќе ги порази заедно со ВМРО-ДПМНЕ, што потоа ќе мора пред истиот тој народ да поднесат сметка и да одговараат за сиот криминал што го прават изминатите шест години, истакна Мицкоски.