Мистериозен споменик од Свети Наум го привлече вниманието на меѓународната научна јавност

Date:

Во дворот на манастирот „Свети Наум“ кај Охрид веќе неколку години се наоѓа еден необичен каменен споменик кој ги збунува посетителите. Истиот изгледа многу рустично, но и таинствено привлечен во околниот манастирски амбиент.

Токму овој споменик се најде на насловната страница на новиот број од меѓународното научно списание Studia Mythologica Slavica, во издание на Научно-истражувачкиот центар на Словенечката академија на науките и уметностите. Списанието третира теми од религиското наследство на словенските и останатите европски народи, а на камениот споменик од Свети Наум е посветен првиот труд од новиот број – на дури 79 страници!

Трудот е напишан од страна на Никос Чаусидис и Игор Ефтимовски, едниот професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а другиот негов докторант. Во текот на рецензентскиот процес, уредничкиот одбор на списанието, составен од еминенти светски научници од соодветната област, одлучил дека споменикот е доволно важен, а трудот стручно напишан, што треба да се најде на насловната страница на новиот број.

Според содржината на објавениот труд, споменикот бил откриен случајно при реконструктивни градежни зафати на манастирските конаци, секундардно вграден во некој од нив. Оттогаш, тој се наоѓа во дворот на манасторот, привлекувајќи ги посетителите, како и авторите на трудот, со својот уникатен изглед.

Научниот труд го претставува и го анализира овој споменик од различни перспективи, вклучувајќи ја неговата иконографија, функција и значење. Според неговите стилски особености, разгледани се повеќе можности за негова датација од предисторискиот, античкиот, раносредновековниот или нововековниот период – дилема што го наметнува неговото вонконтекстуално откритие. Меѓутоа, се чини дека неговата оригинална функција била поизвесна: како религиски идол посветен на некое паганско божество, но евентуално инкорпориран и реинтерпретиран во христијанскиот контекст на манастирот.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...