Мисиркини ќофтиња во сос од домати

Date:

Овој рецепт за сочни мисиркини ќофтиња во богат сос од домати е идеален избор за семеен ручек или вечера. Комбинацијата од меленото месо, свежите зачини и доматниот сос создава топло, ароматично јадење што совршено се комбинира со шпагети, пире или ориз. Подгответе го за 30–40 минути и уживајте во домашен вкус со италијански шмек.

Состојки:

  • 1 кесичка зачин за ќофтиња
  • 500 грама мелено мисиркино месо
  • 50 грама пармезан (рендан)
  • 2 лажици сечкан магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ главица кромид (ситно сечкан)
  • 2 чешниња лук (ситно сечкани)
  • 400 грама сечкани домати
  • 200 мл пасирани домати (доматен сос)
  • 1 лажичка шеќер
  • ½ лажичка оригано
  • ½ лажичка босилек

Подготовка:

Содржината од кесичката со зачин за ќофтиња измешајте ја со 70 мл млака вода и оставете ја неколку минути да отстои.
Во хидратираниот зачин додадете го меленото месо, пармезанот и магдоносот. Мешајте  додека не добиете компактна смеса. Формирајте мали ќофтиња (околу 10–15 парчиња).
Загрејте го маслото во подлабока тава. Испржете ги ќофтињата од сите страни додека не добијат златно-кафена боја. Извадете ги на страна.

Во истата тава додадете го сечканиот кромид и пропржете го неколку минути. Потоа додадете го лукот и кратко запржете додека не замириса. Во тавата додадете ги сечканите домати, доматниот сос, шеќерот, ориганото и босилекот. Оставете да зоврие, потоа вратете ги ќофтињата во сосот. Гответе на тивок оган 20–30 минути, додека сосот се згусне и вкусовите се соединат.

Послужете ги ќофтињата со сосот врз шпагети, или по желба со пире или варен ориз.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Марк Ентони стана татко по осми пат

Латино-ѕвездата Марк Ентони (57) и неговата сопруга, поранешната мисица Надија Фереира (27), го...

Внуката на Трамп покажа како се подготвува за дебито на црвениот тепих, па наиде на критики

Деветнаесетгодишната внука на Доналд Трамп, Каи Трамп, објави ново видео на...

Шарлиз Терон не можеше да го сокрие воодушевувањето од Мет Дејмон: „Го гледам чудно… Не требаше да го кажам тоа“

Холивудската актерка Шарлиз Терон привлече големо внимание со своите...

Оливија Вајлд: Врската со Хари Стајлс ми нанесе штета и на кариерата и на приватниот живот

Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд изјави дека негативните реакции од...