Милвоки ја запиша 11та победа во низа

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Милвоки е во голема форма, во натпревар кој се решаваше по продолжение го победија и најдобриот тим во лигата, Бостон, резултатот беше 131-125.

Тимот на Милвоки игра во страшна форма, врза 11 победи по ред, синоќа настрада и Бостон кој во досегашниот дел од сезоната има најдобар скор. Олеснителна околност за победникот беше и тоа што за Бостон не играше нивниот најдобар кошаркар, Тејтум.

Натпреварот беше неизвесен, во текот на третата четвртина Бостон имаше највисока предност од 14 поени разлика, но во последниот период Милвоки го сврте мечот и беше на чекор до победа, но Селтикс се изборија за продолжение. Во дополнителните пет минути Милвоки беше подобар и на крајот дојде до победа од 131-125.

Брилијантен беше Холидеј кој постигна 40 поени, Адетокумбо имаше 36 поени и 13 скокови, најдобар во составот на Бостон беше Вајт со 27 поени.

Резултати:
Милвоки – Бостон 131-125, Торонто – Орландо 123-113,  Феникс – Сакраменто 120-109, ЛА Клиперс – Голден стејт 134-124, Портланд – Вашингтон 101-126.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...