Мила Кунис и Ештон Качер не се како другите холивудски парови.

Мила нема ни социјална мрежа, а содржината на Ештон на Инстаграм се разликува од она што го споделуваат неговите колеги.

Наместо фотошопирани и монтирани фотографии, Качер објавува семејни моменти, смешни видеа, моменти од одмор… На неговиот профил нема фотографии од црвените килими и холивудските забави.

Мила и Ештон не го поминуваат слободното време на пауза од снимање на забава со колегите и одење на настани во Холивуд. Овој нетипичен пар времето го поминува на сосема поинаков начин. Тие неодамна учествуваа во чистењето на плажата со нивните деца, ќерката Вајат Изабел (9) и синот Димитрие (7).

Викендов го посветија и на семејните активности. Папараците ги снимиле во забавен парк во Лос Анџелес.

На парот не им пречат школските пријатели на нивните деца да дојдат во нивната куќа. „Нашата врата е секогаш отворена за нивните пријатели, дружењето со врсниците е од непроценливо значење за децата. На овој начин се развива социјалната интелигенција, а интеракцијата со другите е клучна за развивање емпатија и толеранција“, вели Ештон.

Нивните деца се и во извидници, а парот редовно ги носи лично на средбите. Не ги пропуштаат ниту детските игри.

Ештон, чие богатство се проценува на 200 милиони долари, минатата година изјави дека најважно му е семејството и времето кое го поминува со нив. „Мојата најважна улога е улогата на сопруг и татко, таа е неспоредлива со ништо друго“, рече тој тогаш.

Парот не ужива ни да оди во ресторани. Тие одгледуваат сопствена органска храна на нивната фарма и ги учат своите деца да бидат благодарни и скромни.

Мила Кунис и Ештон Качер имаат необична, но романтична љубовна приказна. Тие се познаваат уште од нивните тинејџерски денови кога заедно глумеа во серијата Crazy Seventies. Во серијата, која се снимаше од крајот на деведесеттите, тие глумеа пар, а на крајот станаа пар и во реалниот живот. Мила тогаш имаше 14, а Ештон 19 години.

Тие претходно изјавија дека кога биле тинејџери не ја чувствувале хемијата меѓу нив. Дури во 2012 година започнала нивната романса. Парот се венча тајно во 2015 година, откако Качер се разведе од Деми Мур, која беше 16 години постара од него.