МЗТ Скопје со еден поен ја доби драмата против ТФТ и остана без пораз на теренот во домашното првенство

Date:

МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај ТФТ Скопје со 70:69 во меч кој се одигра во Негорци. Ова беше дуел од последното 18. коло во регуларниот дел од првенството, а актуелниот првак МЗТ Скопје како првопласиран влегува во Супер лигата.  Двете екипи се менуваа во водство, имаа и двоцифрена предност, а на крајот мечот беше решен со едно погодено слободно фрлање на три секунди до крајот.

Аеродромци подобро го започнаа мечот и брзо стигнаа до предност од девет разлика (15:6). Предноста на гостите беше до почетокот на втората четвртина, а потоа ТФТ заигра подобро и до крајот на првото полувреме стигна до четири поени преднност (33:29). Домаќините на овој меч водеа речиси во текот на целата последна четвртина, а за прв пат стигнаа и до двоцифрена предност од 47:37. ТФТ водеше и со 52:42, а во пресрет на последната четвртина стигнаа влегоа со позитива од шест разлика.

ТФТ водеше со 56:48, кога МЗТ заигра многу подобро  и со серија од 17:1 стигнаа до водство од 65:57. Сепак, ТФТ не се предаде и полека ја намалуваше негативата и во последната минута израмни на 69:69. ТФТ имаше напад за победа, но домаќините направија грешка во чекори, па останаа четири секунди за МЗТ.

Аеродромци тргнаа во напад, а Ташовски направи фаул на две секунди до крајот. Мекјуел Смит го погоди првото слободно, а потоа намерно го промаши второто, а ТФТ немаше шанси да организира напад и аеродромци се радуваа на триумф.

ТАБЕЛА: По 18 кола, МЗТ Скопје има 17 победи и еден службен пораз, ТФТ е втор со 16 победи и два порази, а потоа следуваат Пелистер (13-5), Куманово (9-9), Маџари (9-9), Чари (9-9), Тиквеш (8-10), Работнички (7-11), Феникс (6-12), Гостивар (4-14) и Ангели (1-17).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...