МЗТ преку Пелистер до првиот трофеј во сезоната

Date:

Екипата на МЗТ Скопје го освои првиот трофеј во натпреварувачката 2024/2025 и тоа во рамките на Супер Купот на Македонија каде беше совладан Пелистер со 78:64.

„Металците“ со подобра игра во вторите 20 минути во соочувањето во СРЦ Кале го добија Пелистер и со тоа испратија јасна порака дека и во оваа кампања се тие кои ќе го имаат главниот збор, односно ќе бидат клубот кој ќе мора да биде поразен за да се дојде до пехар.

Пелистер за нијанса беше подобар во првите 20 минути кои завршија со резултат 37:35, меѓутоа по одморот избраниците на Атанасов одиграа далеку на повисоко ниво на двете страни на теренот и се изборија за славје и нова титула во витрините на клубот од скопски Аеродорм.

Слај со 14 поени беше прв стрелец, Крстевски уфрли 13, а Маслинко 12 кошеви. Бојиќ од Пелистер пак беше најефикасен на теренот со 26 кошеви.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Зендеја го најави враќањето на „балон-здолништата“ во мода

На крајот од Модната недела во Париз, и Зендеја...

Моника Белучи пред својот 60-ти роденден позираше само со бела кошула и високи потпетици

Актерката Моника Белучи (59) неодамна повторно е во центарот...

Селена Гомез за статусот милијардерка: Благодарна сум, но невкусно е да се зборува за пари

Селена Гомез неодамна постигна уште еден голем успех во...

Ќерката на Брус Вилис објави фотографии со својот татко: „Многу го сакам овој човек“

Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи...