На црковно место најприродно е да биде поставен крст. Крстот на Попова Шапка е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат – изјави претставник на Црковниот одбор на манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка по низата реакции за поставениот 15-метарски крст во дворот на манастирот.
Крстот е симбол на христијанската вера и истиот не треба да биде јаболко на раздорот во нашето општество. Законот треба да се почитува, но не селективно. Според Законот за градење, па дури и за контејнер за отпад треба да имаш дозвола за поставување, тоа кај нас не се почитува, не само низ Попова Шапка туку и низ градовите. Тоа е пракса, а не закон, најголем дел од таа урбана опрема да се поставува без решение за поставување. Не знам зошто толку се дигна врева за Попова Шапка. Не е подигнат крстот, како некои други објекти, на државно земјиште, тој е подигнат во дворот на манастирот – вели архитект Богосав Божиновски, кој е и член на црковнит одбор на манастирот.
Тој бара преку поставениот крст да не се собираат политички поени во пресрет на изборите. Истиот не треба да се поистоветува со никаква етничка припадност оти тој е симбол на сите христијани.
ДУИ го политизираше, ама премиерот Димитар Ковачевски не сака да го впери прстот во својот коалциононен партнер од кого му зависи власта, па вината ја најде кај Беса. Според него политиката не требала да се меша во верата, но реши да не ја споменува партијата ја Ахмети, кој прва реагираше на оваа тема, дека крстот бил договор меѓу Беса и ВМРО-ДПМНЕ,
–Во државата постојат политичари пред се тука мислам на опозицијата, која што во моментов го води градот Тетово, кои што во немање на простор и немање на проекти, реално да покажат на граѓаните што имаат направено. Единствено што им останува е да ги подгреваат национални, верски и други чувства на граѓаните, затоа уште еднаш повторувам, политиката треба да ги тргне рацете од верата, изјави Ковачевски.
Говорејќи на оваа тема, Ковачевски смета дека на државата и требаат одлуки во однос на интеграриње во ЕУ, во спротивно ќе сме гледале тоа што се случувало 11 години, споменувајќи инцидентите на Кале поради изградбата на црква, во кој учествуваше неговиот прв заменик Артан Груби.
Инаку, откако Беса го прозва директорот на Државниот инспекторат за градежништво да го урне крстот на Попова Шапка и најави дека ќе постапеле согласно закон, и премиерот Димитар Ковачевски побара некакво законско решение за овој верски објект, поставен во двор на црква. Споредувајќи ги сите градежни објекти и Ковачевски, како и неговите коалициони партнери од ДУИ, најде политика во неговото поставување: било со цел подгревање на меѓуетничките тензии.
-Сите спорови кои што произлегуваат, во однос на било какви градежни објекти, без исклучок и без никаква субјективност треба да бидат решавани во рамки на законот и во рамки на институциите, се разбира почитувајќи ја секуларноста на државата и почитувајќи ја потребата за верско изразување на сите наши граѓани, повторувам уште еднаш без разлика на која вера припаѓаат, изјави Ковачевски.
За партиите од албанскиот политички блок не беше проблем џамијата дивоградба на Попова Пашка, но крстот стана причина за жестоки реакции. Од Беса најавија дека ќе бил по законски пат отстранет. Додека политичарите се препукуваат и обвинуваат реагираа од црковниот одбор, велат најприродно било во двор на црква да биде поставен крст.