Албанската гранична полиција спречила шверц на повеќе грла крупен добиток од Македонија, кои две лица од блиско до Дебар албанско место ги пренесувале преку нелегален премин. Според албанските медиуми, зачестен е шверцот од Македонија заради повисоките цени на месото во Албанија.

Албанската гранична полиција ги приведе  Ф.З.(55) и П.Х.(51) , двајцата жители на Маќелари, блиско село до преминот Блато, кои со добитокот ја минувале границата преку т.н. зелен појас.

Приведените немале документација за добитокот кој е прошверцуван, информира албанската полиција и наведе дека ќе одговараат за делото пред обвинителството и судот на Пешкопеја.

Според албанските медиуми, во истрагата надлежните албански органи ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на организираната нелегална трговија со добиток.