Меси одлучи – заминува од ПСЖ

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Лионел Меси влезе во последните месеци од договорот со ПСЖ, а со секој нареден ден се повеќе се намалуваат шансите најдобриот фудбалер на денешницата да остане на „Паркот на принцовите“ и за наредната натпреварувачка сезона. Меси бележи пад во формата по елиминацијата на тимот од ЛШ, но она што најмногу загрижува е односот на навивачите, па се почесто можат да се чујат свирежи на стадионот во Париз.

Според влијателниот француски весник „Л’Екип“, двете страни се подготвуваат за разделба, иако тоа ќе значи губење на речиси 200 милиони евра на Меси. Имено, во двогодишниот договор што го потпиша во 2021 имаше бонус за лојалност од 78 милиони евра ако ја активира третата година и остане на „Паркот на принцовите“ по јуни 2023 година. Доколку пак реши да потпише нов договор, најмалку до 2025 година, тоа ќе му донесе на Аргентинецот дополнителни 115 милиони евра.

Извори блиски до фудбалерот тврдат дека опцијата за заминување во моментов е многу веројатна, но проблем претставува следната дестинација на Меси. Барселона е голема желба, но проблемите на каталонскиот клуб го прават овој трансфер неизвесен до самиот крај бидејќи не се знае дали ќе биде одобрен од Ла Лига, ситуација поради која Меси пред две години реши да си замине од „Камп Ноу“. Најмногу пари му се нудат во Саудиска Арабија, но Лео не сака да ги следи стапките на Кристијано Роналдо и е убеден дека се уште може да игра на највисоко ниво во европскиот фудбал. Затоа, интересно ќе биде да се види конечната одлука на Меси, што речиси сигурно ќе биде донесена дури по завршувањето на сезонава.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...