Мемедалија спори зошто Македонец муслиман е избран за претседавач на Советот на Кичево

Date:

Главниот уредник на весникот Коха, Ведат Мемедалија спори зошто Ајхан Сулковски, советник од коалицијата Вреди е избран за претседавач на Советот на Општина Кичево. За Мемедалија е спорно тоа што, како што пишува тој, Сулковски е Македонец муслиман, понекогаш Албанец или Турчин, а почесто Торбеш.

„Теута Ахмеди-Пурелку, Фадил Емини и Ајхан Сулковски се тројцата советници на Вреди во Општина Кичево од вкупно 19. Првите двајца се декларирани како Албанци, додека третиот – понекогаш како Турчин, понекогаш како муслимански Македонец и почесто како Торбеш. И, коалицијата ВМРО-Вреди го предлага третиот, Сулковски за претседател на Советот. Осум советници на ВМРО, три на Вреди и еден од СДСМ гласаат за Сулковски. Нека верата оди докрај!“, напиша Мемедалија на својот фејсбук профил.

При тоа, главниот уредник на Коха не објаснува зошто е проблематичен изборот на Сулковски за претседавач на општинскиот совет на Кичево и на што точно мисли кога вели „нека довербата оди докрај“. Дополнително, Мемедалија не дава податоци кога и за каква цел Сулковски понекогаш, како што вели тој, „се прогласува како Турчин, понекогаш како македонски муслиман, а почесто како Торбеш.

Ведат Мемедалија е главен уредник на весникот Коха кој важи за близок до ДУИ.

На локалните избори што се одржаа на 19 октомври ВМРО-ДПМНЕ во Кичево освои осум советнички места, ДУИ пет, коалицијата Вреди освои тројца советници, СДСМ еден. Советничката листа е заокружена со изборот на двајца независни советници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МЗТ го доби дербито со ТФТ и остана перфектен во Суперлигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со сигурни настапи на...

Полицијата апси членови на Торцида, странските медиуми згрозени од Торцида и нацизмот во Сплит

Хрватската полиција денеска во Сплит уапсила неколку лица кои...

Аделаида под притисок: Градските власти се спротивставуваат на новата улична патека за MotoGP

Австралиското ГП во MotoGP се соочува со неизвесна иднина,...

Без „Старлинк“ и без ЦИА Украина се соочува со воен пораз

Палењето на 11 антени на „Старлинк“ во Бугарија, ограничувањата...