Мек Алистер го проби чудесниот Куртоа, залетаниот Баерн го освои и Париз

Date:

Ливерпул славеше над Реал Мадрид, а Баерн Минхен против Пари Сен Жермен во двата натпревари кои беа во фокусот во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот доминираше на „Енфилд Роуд“ против лидерот во Примера и сосема заслужено славеше со 1-0. Избраниците на Слот можеа да дадат неколку погодоци на ова соочување, заслужија повисок триумф, но чуда на голот праваше Куртоа и Реал може да биде среќен што едноставно беше поразен со овој мининален резултат.

Клучниот момент се случи во 61 минута кога Мек Алистер со глава конечно го проби противничкиот голман.

Неверојатниот Баерн Минхен го нокаутираше актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен на негов терен и со тоа ја продолжи импресивната победничка серија во сите конкуренции.

Баварците тримфираа со 2-1, резултат кој го прогнозираше легендарниот Лотар Матеус. Диаз даде два гола во првиот дел, но во финишот на овој период направи и старт за црвен картон, старт над Хакими кој со солзи го напушти теренот.

Невеш во 74 реализираше за домаќините кои потоа имаа уште некоја шанса за да избегнат пораз, ама истите не ги реализираа.

Останати резултати: Јувентус-Спортинг 1-1, Тотенхем-ФК Копенхаген 4-0, Олимпијакос-ПСВ 1-1, Бодо-Монако 0-1, Атлетико Мадрид-Ројан Унион 3-1

Наполи повторно не успеа да пронајде вистинскиот ритам. Бледа игра, без идеи во нападот, и на крај само реми (0–0) против дисциплинираниот Ајнтрахт Франкфурт, во натпревар што повеќе зборува за проблемите на „Партеопеите“ отколку за нивните амбиции во Лигата на шампионите.

По тешкиот пораз од ПСВ (6–2), Наполи беше под притисок да одговори со победа на „Диего Армандо Марадона“, но повредите и суспензиите повторно го ослабнаа тимот. Лоренцо Лука беше надвор поради црвен картон, а Кевин де Брујне, Били Гилмор, Леонардо Спинацола, Алекс Мерет и Ромелу Лукаку беа отсутни поради повреди. Добра вест беше враќањето на Станислав Лоботка во почетниот состав по пауза од еден месец.

Сепак, играта на Наполи беше далеку од убедлива. Тимот имаше проблем со темпото и транзицијата, а дури и во моментите кога создаваше шанси недостасуваше завршница. Најагилен и најконкретен беше Елиф Елмас, кој со својата енергија и упорност ја раздвижуваше играта на домаќините.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...