Мег Рајан на црвениот тепих на Сараевскиот филмски фестивал

Date:

Американската актерка Мег Рајан беше одликувана со наградата „Почесно срце на Сараево“, во рамки на 30. издание на Сараевскиот филмски фестивал, за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност.

Рајан одржа мастерклас под модерација на наградуваниот режисер од БиХ, Данис Тановиќ, добитник на Оскар за филмот „Ничија земја“. Мастеркласот беше посебна можност да се добие увид во клучните аспекти на кариерата на Мег Рајан и нејзиниот нов филм „Што се случува подоцна“ („What Happens Later“), кој исто така ќе биде прикажан на фестивалот.

Инаку станува збор за романтична комедија, која Рајан ја режисираше и напиша, а воедно и глуми во неа заедно со актерот Дејвид Духовни.

Холивудската ѕвезда прошета на црвениот тепих во Сараево, каде позираше со директорот на фестивалот, Јован Марјановиќ, и го привлече вниманието со своето интересно издание.

Рајан се појави во сив фустан со класичен крој, а комбинацијата ја комплетираше со црни чевли и очила.

Таа со широка насмевка им позираше на фотографите и им потпиша неколку автограми на обожавателите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...