Меган Маркл и принцот Хари нудат сместување на пријатели кои останале без дом во пожарите

Date:

Брачниот пар Меган Маркл и принцот Хари им нудат сместување во нивниот луксузен дом на пријатели кои останале без покрив над главата од пожарот во Лос Анџелес.

Војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари проговорија за пожарот во Лос Анџелес, а преку нивната веб-страница Sussex.com ги повикаа луѓето да ги посетат своите соседи и да им помогнат на најпогодените.

Тие исто така оставија линкови со различни добротворни организации. Тие побараа од луѓето да ги отворат своите домови за погодените од пожарите.

Меган и Хари ги отворија вратите од својата палата во Монтесито, вредна 29 милиони долари, за пријателите од ЛА погодени од пожарот, пишува Дејли Мејл.

– Ако некој пријател, член на семејството или домашно милениче мора да бидат евакуирани и можете да им понудите засолниште, ве молиме направете го тоа. Исто така, проверете дали на вашите хендикепирани или постари соседи им е потребна помош при евакуација. Некои семејства останаа без ништо. Размислете за донирање облека, детски играчки и основни потреби. Американскиот Црвен крст е на терен и им помага на оние на кои помошта им е најпотребна – напишаа тие.

Дејли Мејл пишува дека и Хари и Меган би можеле да бидат принудени да го напуштат домот во кој живеат со нивните две деца. Имено, ваквата ситуација отвора можност Сасексите да останат без струја во својата куќа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...