Меган Маркл е забележана како танцува на концертот во рамките на турнејата „Ренесанса“ на Бијонсе во Калифорнија во петокот вечерта, меѓутоа, принцот Хари изгледал помалку импресиониран додека зјапал во својот телефон, иако забавата се одвивала околу него.

Војводата и војвотката од Сасекс биле меѓу илјадниците обожаватели кои дошле на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес пред две вечери, на концертот на Бијонсе, инаку блиска пријателка на Меган.

Но, принцот Хари изгледал незаинтересирано, а парот беше забележан во приватна ложа заедно со мајката на Меган, Дорија Рагланд, колешката од серијата „Suits“ и блиска пријателка на Меган, Абигејл Спенсер. Членовите на нивната екипа, вклучително и војвотката и војводата од Сасекс, носеле нешто во сребрена боја, како одговор на барањето на пејачката нејзините обожаватели да носат металик боја додека се на нејзиниот концерт.

Меган Маркл е видена како ракоплеска и мавта додека Дорија, која вчера го прослави својот 67-ми роденден, танцува на музиката на Бијонсе.

Меѓутоа, Хари е виден со рацете во џебовите или како гледа во телефонот. Сепак, во еден момент, Меган и Хари се прегрнале и заедно танцувале на една од песните. Обожавателите се одушевени од нив, пишувајќи дека се одличен пар.

Освен кралската двојка, меѓу познатите лица кои присуствуваа на концертот на Бијонсе, беа и Тери Круз, Тараџи П. Хенсон и Шанина Шајк.

Ова беше почеток на напорната недела за војвотката и војводата од Сасекс, при што Хари се упати кон Лондон на хуманитарниот настан во пресрет на првата годишнина од смртта на неговата баба кралицата Елизабета Втора, пред да замине за Дизелдорф, Германија, каде што треба да започнат игрите Инвиктус.

На почетокот на оваа недела, принцот Хари ја објави својата најнова документарна серија на „Нетфликс“, „Heart of Invictus“, во која беа прикажани спортисти кои се подготвуваат за минатогодишното издание на игрите и видео од Хари како зборува за своите борби за менталното здравје по враќањето од воената должност во Авганистан.