Меган и Хари се најдоа во американската сатирична анимирана серија „Саут парк“

Date:

Веќе со денови се зборува за тоа што принцот Хари и Меган Маркл завршија како протагонисти во една од најновите епизоди на познатата американска сатирична анимирана серија „Саут парк“, во која беа максимално прозвани.

Иако нивните имиња никаде не се експлицитно споменати, од начинот на облекување и однесувањето на анимираните ликови повеќе од јасно е дека станува збор за познатиот пар кој последниве неколку месеци е во центарот на вниманието на светската јавност.

Одлуката на војводата и војвотката од Сасекс да се преселат во Америка во нивната очајничка потрага за приватност е немилосрдно исмеана во „Саут Парк“ во епизодата насловена како „Светска турнеја за приватност“.

Епизодата започнува со отфрлање на одговорност и нагласување дека ликовите се измислени дури и кога се базирани на вистински луѓе. Парот е прикажан како се сели во некој измислен град заради приватност.

– Ние само сакаме да бидеме нормални луѓе. Сето ова внимание ни паѓа многу тешко, вели ликот сличен на Хари откако признава дека го мрази печатот.

Парот потоа се качува во блескав приватен авион и тргнува на нивната „Светска турнеја на приватноста“. Во вториот дел тие ја промовираат новата книга насловена како „Waagh“, која многу потсетува на мемоарите на принцот Хари, „Резервен“.

Како што објасни новинарката Меган Кели во нејзиното ноќно шоу, тие нема долго време да закрепнат од ова.

– Чувствувам дека била лута како ајкула затоа што со ова се закопани сите нејзини надежи еден ден да се кандидира за претседател на Америка – изјави Меган Кели, алудирајќи на Меган Маркл, а пренесува Њујорк пост.

Шпекулациите за наводните аспирации на Меган Маркл да се испроба во политиката и еден ден да се кандидира како прва жена претседател во историјата на САД, војвотката од Сасекс никогаш не ги потврди, ниту пак ги демантираше.

Политичките амбиции на Меган Маркл ги откри Том Бауер во 2021 година во неавторизираната биографија за војвотката од Сасекс. Том Бауер верува дека таа најверојатно ќе се обиде во политиката.

– Шансите Меган да се кандидира за американски претседател се многу веројатни. Навистина верувам дека таа се гледа себеси во Белата куќа – рече Том Бауер тогаш.

Дека овие шпекулации не се плод на имагинација, говори и фактот што конзервативците ги обвинија Хари и Меган за мешање во американските избори во 2020 година, кога ги повикаа гласачите да излезат на гласање. Не е тајна ни дека Меган повеќепати кокетирала со демократите, на тоа поранешниот американски претседател и републиканец Доналд Трамп забележа „дека не е обожавател на Маркл и дека му посакува многу среќа на Хари бидејќи ќе му треба“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Православните го слават Велигден, Христос воскресна, навистина воскоресна!

Денешниот ден Воскресението Христово, Велигден е најголемиот празник за...

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Оваа година и православните и католичките верници го слават...

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...