МД „ИЛИНДЕН“ – ТИРАНА: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е НАШЕ МИНАТО, СЕГАШНОСТ И ИДНИНА

Date:

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот, порачувајќи дека „македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина“.

– Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија, значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции, стои во честитката.

Се нагласува и значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи, како што стои, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

– Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Бројноста на Македонците во Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации во земјата, но за жал во 21 век, ним статус на малцинство им е признаено само во Мала Преспа, каде имаат право на образование на мајчин јазик, наведува друштвото.

Потсетува дека веќе три децении од сите албански влади барале образование на мајчин јазик за децата од Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но позитивен одговор нема.

– Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се негува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор. Македонскиот јазик е наше минато, сегашност и иднина. Нека е честит Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, се наведува во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВЛАДЕЕЊЕТО НА АЛЕКСАНДАР СО ПРОВИНЦИИТЕ ЛИДИЈА И КАРИJА (49)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Љутков: Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети

Апсолутно е забрането да се гради на археолошки локалитети...

Општина Центар нема да даде пари за црква во Берлин, советниците гласаа против предлогот

Советот на Општина Центар на денешната седница не го...

Чеченците водат голема офанзива: исчистени 10 села

Американскиот CNBC пренесува дека генерал-мајор Апти Алаудинов, командант на...