МДС: Османи противзаконски врши увид во лични документи и контролира ДКП-а

Date:

Министре, веќе стана редовна пракса да ви укажуваме на флагрантното кршење на Законот за надворешни работи од ваша страна, како што беше упатувањето на генералниот конзул во Њујорк за што уште чекаме на одговор врз кој принцип го номиниравте за престижната позиција, но сега влегувате во нова фаза на своеволно документирано кршење на закони и колективен договор.

Сакаме да ви потенцираме дека вашата вонредна контрола на амбасадите и конзулатите и документирањето на овој процес со цел да се потенцира вашата ‘загриженост’ за ефикасноста на работата на ДКП-та е целосно неприфатлива и противзаконска. Вашата министерска позиција не ви дава право на увид во уште не издадени лични документи и е во целосна спротивност на Законот за заштита на личните податоци, уште повеќе што истото е објавено јавно на вашиот фејсбук-профил.

Дополнително, сакаме да ви укажеме дека давање инструкции за работа во смени како и работа во викенд е во целосна спротивност со Законот за надворешни работи како и Колективниот договор за јавната администрација.

На крајот сите се залагаме за македонските државјани да добијат документи час поскоро, но од сите информации во јавноста јасно е дека во државата нема обрасци за издавање на истите. Со оглед на ова, колку и да се форсираат колегите да работат во смени, викенди па дури и 24 часа истото е целосно залудно и ќе биде само во насока на разгорување на проблемот со доведување на странките во заблуда и креирање на дополнителна нервоза и притисок врз вработените во амбасадите и конзулатите.

Ве повикуваме да се прекине со оваа пракса на само промоција и перманентно кршење на законите кои ја дефинираат и штитат дипломатската служба“, се вели во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...