МВР трага по лицето кое пукаше во градоначалникот на Арачиново

Date:

Полицијата трага по напаѓачот кој рани две лица среде бел ден. Неофицијално првични сомнежи за вооружениот напад врз градоначалникот на Арачиново се поврзани со стара расправија со семејство од селото. Во нападот се ранети возачот на Ридван Ибраими и еден од вработените во општината.

Очевидци раскажаа дека брзата реакција на лице кое во моментот на инцидентот било до градоначалникот кога почнале рафалните истрели му го спасила животот. Возачот на градоначалникот, Адвин Ајдини е веднаш префрлен на Ургентниот центар со прострелни рани во градите и таму му е извршена итна операција. Тешко повредениот Ајдини е на 21-годишна возраст и ќе го преживее нападот, информираат од клиниката.

Обвинителството издаде наредби, а МВР вчера го чешлаше теренот. Се прегледуваа и безбедносните камери за да се фати пукачот од Арачаиново. Од тоа што е јавно познато е дека Ибраими има еден познат непријател, а тоа се членови на семејството Ајвази. Тие се членови на семејството на првиот човек на огранокот на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Арачиново, Брахим Ајвази.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Опра Винфри фотографирана во јавност ги изненади фановите со витата фигура

Опра Винфри беше снимена во Њујорк кога пристигна на...

ДЕЈВ ГРОЛ ПРИЗНА ДЕКА ДОБИЛ ВОНБРАЧНА ЌЕРКА, ПОБАРА ПРОСТУВАЊЕ ОД СЕМЕЈСТВОТО

Фронтменот на „Фу Фајтерс“ Дејв Грол ги шокираше фановите...

Хали Бери проговори за љубовта: Се заљубив уште пред да имаме врска

Актерката Хали Бери даде интервју за „Мари Клер“, каде...

„Тој беше тој што сакав да бидам“: Дензел Вашингтон му оддаде почит на Џејмс Ерл Џонс

Дензел Вашингтон му оддава почит на починатиот актер Џејмс...