МВР поднесе кривична пријава против Дрин Ахмеди и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети

Date:

Двајцата браќа, кои се внуци од брат на Али Ахмети, се пријавени бидејќи директорувале со фирма која копала варовник во Кичевско, но не уплаќале пари во државниот буџет согласно концесискиот договор
Пријавени се уште седум други лица, од кои петмина вработени во Министерството за економија и двајца во Државниот инспекторат за техничка инспекција, бидејќи пропуштиле да спроведат должен надзор и да утврдат – дека фирмата не си ги плаќа обврските.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска поднело кривични пријави против вкупно девет лица. Врз основа на прибраните докази од страна на единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран криминал, две лица кои биле директори на една иста кичевска фирма, но во различни периоди, се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик. На останатите седум лица, сите вработени во државни институции, им се става на товар дека сториле несовесно работење во службата според член 353-в од Кривичниот законик.

Во период од 2016 година до 2023 година кривично пријавените постапиле спротивно на чл. 75 ст. 1, 2 и 3 од Законот за минерaлни суровини и чл. 11 од Договор за концесија за експлоатација на локалитет во општина Зајас, склучен меѓу правното лице и Владата на РСМ, претставувана од страна на тогашниот министер за економија. Истите биле должни да плаќаат точно утврден годишен надоместок за користење на просторот кој бил доделен со концесија за експлоатација и надоместок за експлоатирана количина на минерална суровина, пресметани согласно тарифникот за утврдување на висина на надоместоци за издавање на дозволи и концесии, како и да достават геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, со прецизно наведени количини на откопана количина на минерални суровини и периодот во кој тоа е извршено, предвидено во чл.64 од Закон за минерални суровини, со што постапиле спротивно на Законот и одредбите од предметниот договор за концесија, и како потписници на сметка на правниот субјект исплатиле помалку концесиски надоместоци во вкупен износ од 1 671 894 денари, при што предизвикале штета и на Буџетот на РС Македонија“,пишува во соопштението на МВР.

Така, според МВР, и Дрин Ахмеди и неговиот брат Бесиан, користејќи ги придобивките од концесијата која останала активна за цело време, биле во можност да бидат избрани како носители на договори за јавни набавки. Фирмата која ја воделе добила тендер од АД Електростопанство во висина од околу 125 000 евра со ДДВ и тендер во прилепски „Водовод и канализација“, во висина од околу 15 000 евра.

„Истите пропуштиле да извршат должен надзор над реализација по основ на договор склучен помеѓу Владата на РС Македонија претставувана од министерот за економија и правното лице од Кичево, односно договор за доделена концесија за ископ на градежно-технички камен ‘варовник’ и без да утврдат дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, му овозможиле на правното лице да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи. Согласно горенаведеното, пријавените извршиле кривичното дело несовесно работење во службата предвидено во членот 353-в од КЗ“,соопштија од МВР.

Според полицијата, одговорност има кај уште две лица со иницијали Ф. А. и Ф. Р. Тие се службени лица во Државниот инспекторат за техничка инспекција. Постапиле несовесно во службата бидејќи:

„Пријавените Ф. А. и Ф. Р. пропуштиле да извршат должен надзор и во записникот од извршен надзор не констатирале дека концесионерот во моментот не ги исполнувал законските обврски согласно чл. 62, ст. 1, ст. 2, ст. 3, ст. 4, и ст. 6, чл. 64 ст. 3, чл. 66, чл. 78, чл. 79 и чл. 104 од законот за минерални суровини, при што не му изрекле мерка за прекршок и му овозможиле на правното лице да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи, со што го извршиле кривичното дело несовесно работење во службата предвидено во членот 353-в од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, а со тоа нанеле штета на Буџетот на РМ“,соопштија од МВР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...