Тоа што во август влезе како фудбалер на ПСЖ, на Килијан Мбапе му донесе бонус од 40 милиони евра, ако и следниот месец остане во францускиот клуб, ќе добие уште толку.

Мбапе е исфрлен од тимот на ПСЖ, тренира одвоено, но договорот мора да се почитува, па парите му легнуваат на сметка.

Утрово тој е побогат за 40 милиони евра колку што е првата рата од бонусот за лојалност.

Доколку остане во ПСЖ до крајот на преодниот рок, Мбапе на 1. септември ќе добие уште 40 милиони евра бонус за лојалност.

Изминувањето на месец јули е важен и поради тоа што заврши опцијата Мбапе сам да активира продолжување на договорот со ПСЖ до 2025 година, но Французинот ионка го извести клубот дека нема намера да го направи тоа.