Мбапе на Сардинија, со две девојки ја преболува казната на ПСЖ

Date:

Фудбалерот Килијан Мбапе, ужива во сончевата Сардинија со пријател и две девојки. Француската фудбалска ѕвезда досега имаше хаотично лето, откако ПСЖ реши да го казни бидејќи најави дека нема да го продолжи договорот со клубот кој истекува следната година, а не бара ниту нов клуб.

Затоа клубот реши да го испрати Мбапе во друг тим на тренинг.

Но, Мбапе изгледа целосно заборавил на тие проблеми на Сардинија. Тој бил виден како излегува од луксузен приватен авион со пријател пред да се упати кон клуб на плажа.

Потоа бил виден како се релаксира покрај базен со две девојки во бикини. Носел беж шорцеви за капење и дизајнерски очила за сонце.Друштвото уживало во коктели и убавиот поглед на околината каде што биле сместени.

Француската фудбалска ѕвезда подоцна била забележана на забава со играчот на Реал Мадрид, Родриго, што само ги подгреа шпекулациите дека наскоро ќе му се придружи во Мадрид.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пензискиот фонд на стаклени нозе – се бара дури и поместување на прагот за одење во пензија на 67 години

Мислење на Фискалниот совет за 5-годишната стратегија на владата...

Едно лице повредено во пукање во Чаир, МВР го истражува случајот

Едно лице е повредено во пукање што денеска се...

Загадувањето со смртни последици – Протестен марш за чист воздух на 10 декември во Скопје

Иницијативата „Зелен хуман град“ најави протестен марш за чист...

Тошковски за Радио Лидер: Не им успеа обидот за дестабилизација

„МВР има капацитет да одговори на ваквите предизвици, тоа...